После 178 години постоење, „Томас Кук“ оди во стечај

Најстарата патничка компанија во светот, британската „Томас Кук“, оди во стечај.

Тоа стана извесно откако пропаднаа преговорите за нејзин спас што се водеа до доцна ноќеска, а во кои претставници на компанијата се обидоа да издејствуваат владата да ги откупи долговите на компанијата стара 178 години.

Одлуката остави низ светот повеќе од половина милион патници коишто ги користеле услугите на компанијата.