Поскапува „животот“ во пандемија, цените вртоглаво растат, граѓаните тонат во сиромаштија

Живечката се поскапа, цените се повисоки, а граѓаните се посиромашни. Од месец во месец се повеќе се стега домашното ќесе. За само една година цените на производите пораснале за дури 2,6%, пресмета државната статистика.

Речиси сите производи се поскапени. Па така за споредба, ако маслото за јадење лани чинело околу 75 денари, сега е дури 100. Драстично поскапување има и кај овошјето и зелечукот. Пиперките од 90 денари лани, годинава пораснале на дури 200 за килограм. Доматите од 70, скокнаа на 100 денари за килограм. Краставиците од 60, на 100 денари. Од овојшјето лимонот е за 20 денари повеќе за разлика од лани. Истото е и со портокалот и јаболкото. Поскапување има и кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи.

Граѓаните се жалат дека едвај преживуваат. Велат со толку високи цени на скоро се, не знаат како ќе го закрпат месецот.

Колку за илустрација од почетокот на годинава до сега скоро за 1.000 денари се зголемени основните месечни трошоци. Ако лани на семејството му биле потребни 32.791 денар, годинава тие изнесуваат 33.742 денари.

Додека живеачката станува се поскапа, граѓаните едвај се жалат дека преживуваат. Според синдикатот, во просек околу 50 евра му фалат на секое семејство да ги подмири основните трошоци, кои вртоглаво растат секој месец.

Претходно, Државниот завод за статистика веќе објавени дека речиси една четвртина од граѓаните тонат во сиромаштија. Според последните податоци, речиси 456.000 луѓе живеат во тешки услови.

Светска банка уште лани објави дека над 55.000 луѓе во Македонија може да западнат во сиромаштија. Според нивните прогнози овие бројки можно е да се зголемат и до три пати, ако се влоши економската состојба.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста