Поскапонувато на стујата – силен удар за угостителските објекти, некои од нив нема да преживеат

Сопствениците на хотелско-угостителските објекти во охридско струшкиот регион , затечени- од компаниите со кои склучите договори за снабдување со електрична енергија им стигнале анекс договори кои мора да ги потпишат а ги обрзуваат да платат 20 % повисока сметка за струја.Ова за нас е велат шок, што ќе не одведе во амбис,бидејќи доправа уште повеќе ќе растат сметките за струја.

Проблемот е голем, не е дека се веќе покачени цените и ќе прекине тука, значи се очекува цените да растат со тоа работењето ни е потешко,не знаеме ние какви цени ставиме. Сигурно малку се покачени околу 10,20 % но нема да заврши тука, се очекуваат повисоки цени-рече Ерхан Папранику –угостител.

Зависно од тоа со кои компании склучиле  договори, некои угостителски објекти добивале и до 6 пати повисоки сметки за струја од досегашните ,што  е нездржливо велат и ќе не принуди да ги затвориме објектите.Каде ни е крајот ако мора да издвојуваме над 500.000 денари за струја,се жалат угостителите. Претеседателот на ХОТАМ,Крсте Блажески кажува дека поскапувањето на струјата започнало уште од почетокот на годинава.

На тие големи потрошувачи што прават договори со компаниите што нудат електрична енергија на пазарот договорите им поминуваат уште во текот на годината некој можда склучил јануар, фебруар, март, април и веќе како што доаѓа времето наваму тие договори само се качуваат по денар, два нагоре.Во моментов можеме да кажеме дека се над 10 денари ,11, 12 денари дури некои кажуваат дека треба да плаќаат за таа индустриска струја.Тоа е огромен шок и огромен товар на индустријата-рече Крсте Блажески-Претсед.на Хотам.

-“Сите компании својот снабдувач го избираат на отворен пазар. Снабдувачите ја купуваат електричната енергија од трговци на големо, производители или директно на берза. Развојот на меѓународните енергетски производи директно се одразува врз оваа цена.”-велат од ЕВН Македонија.

Од ХОТАМ реагираат бидејќи последниве месеци работат со минимална исполнетост на капацитетите од 10 отсто,а од државната помош во вид на субвенции која било побарано да започне уште од ноември,нема ништо.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста