ДЗС: Угостителските услуги во јули поскапи во споредба со лани

ДЗС: Угостителските услуги во јули поскапи во споредба со лани

Цените во рестораните и кафеаните се поголеми и поголеми. Ручек или вечера надвор од дома полека стануа лускус. Како што соопшти државниот завод за статистика за 4,8 проценти поскапеле угостителските услуги во  јули во споредба со лани истиот период.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.6 %, додека во однос на декември 2023 година има раст од 2.4 %“, соопшти Државен завод за статистика.

Ако седнете во некој од рестораните во центарот на Скопје една шопска или македонска салата ќе ве чини од 250 до 300 денари. Чорба над 200 денари, порција пилешко над 280 денари, свинско месо од 300 денари нагоре, а лосос на скара и до 50 евра. Пиво е околу 120 денари, ракија од 100 до 150 денари за чаша, сок речиси и да нема поевтин од 100 денари.

Поскапени се и  сите свадбени мениа по рестораните, па реткост е да се најде понуда во Скопје помала од  25 евра за порција.

Во туристичките места пак цените се уште покасапи. На пример во Охрид на плажа, кафе еспресо може да платите и 180 денари.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста