Поскапата нафта тежок удар за таксистите

Покачувањето на цената на нафтата нов удар за такси компаниите. Штипските таксисти ќе бараат за 20 денари да се зголеми цената на стартот, наместо сегашните 50, да биде 70. Велат, досегашната цена ги носи само во загуба. Барањето е веќе подготвено, само се чека новиот советнички состав да започне со работа.

„Многу луѓе поради ковид пандемијата се откажаа, преминаа во други дејност каде што немаше застој. Намалени сме скоро со 50% како по обемот на работа, број на вработени и број на возила“, изјави Глигор Арсов од штипското здружение.

Само изминатата година бројот на такси возила е преполовена, од 300 на 150, па ваквото драстично намалување е причина за тешко да се дојде до нив. Новото покачување не оди во прилог на граѓаните кои сметаат дека ова дополнително ќе удри по веќе испразнетиот џеп.

Унифицирањето на возилата и воведување на жолти таблички ќе стават ред во такси превозот кои во моментот покрај покачувањето на горивото и корона кризата сериозен удар има и од нелојалната конкуренција – дивите таксисти.

Александра Ристевска

https://youtu.be/DZdM1iR4YYk

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста