Посебен режим на сообраќајот на овие улици

Со почеток од 13.30 часот најавен е протест, кој ќе започне од паркот во Чаир, а ќе продолжи кон Владата.

Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, па од 13.30 часот до завршување на протестот затворени за сообраќај ќе бидат улиците: „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста