Португалскиот предлог го брише македонскиот јазик до 1945 – Заев сепак преговарал со Софија

Бугарија да изјави дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година и дека јазикот во сите идни документи треба да биде сметан во согласност со Уставот на земјава, а од друга страна Македонија да изјави дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година – ова е јазичната формулација која ја понудила Португалија како дел од решението за тргање на бугарското вето доставено до Скопје и Софија, објавува Канал 5.

Документот кој е составен од четири анекси предвидува дека на почетокот на првата меѓувладина конференција Македонија и Бугарија треба да дадат унилатерални декларации со кои ќе се обврзат дека нема да се нарушуваат црвените линии и се овозможува продолжување на евроинтегративниот процес.

И повеќе од еден месец откако европската двојка Вархеји – Силва неуспешно ја завршија посетата  во Скопје и Софија без да кажат што им нудат на двете страни дури деенеска вицепремиерот Никола Димитров прв пат на прашање на Алфа открива дека предлогот имал формулација – македонски јазик за ЕУ кој предвидува унилатерална изјава на Бугарија во однос на нивната позиција.

Ден претходно португалската државна секретарка Ана Паула Закаријаш во аудио снимка целосно ги сруши македонските позиции во спорот со бугарија, но и директно удри врз макњедонските идентитетски парашања нарекувајќи го јазикот северномакедонски.

По ваквиот португалски шамар за македонија, македонската влада одлучи дека не потребна ниту протесна нота, ниту било каков демарш да биде испратен до Португалија. За владата ваквата изјава била несреќна па оттука наместо сериозни укори македонските власти одлучиле дека вистинскиот чекор е да  се остварат само разговори со Лисабон и да се негодува за кажаното, за што потврди и вицепремиерот Никола Димитров.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста