ПОРАЗИ НА НАШИТЕ ТЕКВОНДИСТИ НА СТАРТОТ ОД ОЛИМПИСКИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ ВО СОФИЈА

Македонските теквондисти Филип Додевски и Ана Марија Георгиевска веднаш се елиминирани од олимпискиот квалификациски турнир што се одржува во Софија, а на кој се бара место за настап на игрите во Токио. Додевски во последните моменти загуби од Светскиот првак Алесио со 10-9 во категоријата до 80 килограми, а на самиот страт е елиминирана и нашата единствена девојка во конкуренцијата до 67 килограми. За утре е предвиден настапот на нашиот главен адут Дејан Георгиевски и тоа во категоријата над 80 килограми. За олимписка виза во сите тежински категориии е потребен пласман во финалето.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста