Пораст на бројот на инфицирани од коронавирусот во Германија, Меркел против ублажувањето на мерките

Откако во  Германија се отворија продавници во кои не се продава храна и условите за работа се променија во поикраините порасна бројот на заболени од вирусот. Во последните 24, часа бројот на инфицирани од корона вирус пораснал за 1.775.

Вкупниот број на заразени изнесува над  143 илјади. Последното деноноќие починале 194 лица, со што бројот на жртви се зголеми на 4600.

Германската канцеларка Ангела Меркел  остро ги критикуваше дискусиите за ублажување на рестриктивните мерки воведени за ограничување на ширењето на пандемијата на коронавирус. Меркел исто така изрази загриженост затоа што постигнатиот напредок во намалувањето на ширењето на инфекцијата може да биде поткопан од фактот дека малкумина ќе се придржуваат кон мерките за социјална оддалеченост.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста