Поранешните вработени во “Тетекс јарн” на протест – ги бараат заостанатите плати

Дел од околу 160-те поранешни вработени во Тетекс јарн, денеска протестираа пред фабриката, барајќи ги заостанатите плати, но и правдата што биле изиграни, принудно потпишувајќи договори, со што од месецов останале без работа. Тие утрото информираа и дека пријавиле во полиција претставник на компанијата од Бугарија кој дошол, според нив, без документи и регулиран престој, за да наштети на имотот од погоните.

И во тетовската полиција информираат дека приведен е бугарски државјанин, кој непријавено престојувал во државава и без важечки документи, и за случајот се води постапка.
Инаку,вработените денеска упорно чекаа средба со раководството, но безупсешно.Случајот го пријавиле во сите институции, но и оттаму молк.Не се откажуваат додека не им се исполнат барањата.

Фабриката за производтсво на предиво и волница е со доминантен бугарски капитал.Никој од раководството денеска не одговараше на новинарските повици.Работниците се заканија дека ќе продолжат со протести, додека не ги добијат платите, кои велат си ги одработале.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста