Поради политичка пресметка, една година заглави во судските лавиринти

Оливер Ристевски од пелагониското село Долно Српци што припаѓа на Општината Могила, малку недостасуваше пред тринаесет месеци да заглави во затвор. Тој  беше наклеветен од политички  неистомисленици, дека крадел дрва и дека не го испочитувал полицискиот час во време на пандемија. Овој правник, чие семејство живее од земјоделие, како претседател на Општинската организација на ВМРО ДПМНЕ, на 11 април минатата година беше обвинет дека со уште едно лице украле дрва од блиската планина. Сепак, покрај пријавата од Обвинителството и првостепената пресуда за условна казна од една година, Апелација пресече и сега со правосилна ослободителна пресуда, се докажа дека бил невин, бидејќи  во неговиот трактор полицијата не нашла дрва, а патролата го нашла во неговото лозје во атарот на Долно Српци, каде не му била потребна дозвола за време на полициски час. При нашата денешна посета, со огорченост раскажуваше како после клеветите поминал низ судските лавиринти.

-Мојата правичност ја чуствував и ја докажав и не се чуствував, зашто знаев дека еден ден правдата како шило ќе излезе на виделина. Дојде тој ден.  Од сите тие клевети што ги правеа кон Криситијан Мицкоски преку мене и мојата матична партија, го оцрнија моето семејство преку социјалните мрежи, со навреди, клевети и иронии. Нема полошо за едно семејство кое леб заработува чесно со мотика  и да те пукаат по социјалните мрежи за нешто што не си го направил – рече денеска Оливер Ристевски.

Дека пакоста и клеветите поради политичка конкуренција можат да бидат многу опасни на микро план, Ристевски со сопругата и трите деца тоа го доживеа како голгота.

-Сето ова го направија партиски неистомисленици, а први тоа го направија од ГДУ, партијата на Петар Колев од Штип, носителот негов Добре Митрев кој објави дека претседателот на ВМРО ДПМНЕ е фатен со дрва. Од него презедоа многу други и почнаа по социјалните мрежи клевети кон Кристијан Мицкоски, кон моето семејство и кон мене и после една година правдата излезе на виделина- рече Ристевски.

Минатата година, пред камерата на АЛФА, Ристевски јавно се повлече од партиската  функција, да не се направи штета на партијата. Ако не се извинат  јавно, ќе бидат поднесени кривични пријави за сите инволвирани во хајката и клеветите против мене и партијата, порача Оливер Ристевски, кој сега членува во  новоформирниот директорат на ВМРО ДПМНЕ.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста