Поради недостаток на вакцини, во Штип се врши само ревакцинација?

Стопиран процесот на имунизација во Источниот регион. Вчера и денес се врши само ревакцина, односно се вакцинираат граѓаните кои пред 21 ден ја имат  примено првата доза од вакцината Синофарм. Се шпекулира дека нема доволно вакцини, па надлежните се принудени да ги штедат за оние граѓани кои треба да ја примат втората доза.   Координаторот на вакциналниот пункт смирува. Во моментот Штип располага со 5000вакцини. Сепак потврди дека истите се намеменети за ревакцинација. Зошто има застој и до кога ќе биде вака не можат да кажат, правдајќи се дека тие ги следат само насоките од министерството.

„Динамиката вчера и денес е одредена од бројот на граѓани кои се вакцинирале со прва доза. Зошто не се вакцинираат граѓани со прва доза, јас не можам да кажам.Ние го следиме планот даден од министерството„-изјави Миланова, од Вакциналниот пункт во Штип

Вообичаената слика од изминатите денови кога грѓаните се туркаа меѓу себе , па дури имаше и моменти кога асистираше и полицијата ја нема.  Сега е мирно и нема колони.

  „Денес се ревакцинирав, 21 ден откако ја пртимив првата доза. Се чувствувам добро. Треба секој да се вакцинира, без разлика дали се стари иили млади„– велат граѓаните кои утринава ја примија втората доза од вакцината Синофарм.

За сега граѓаните од истокот немаат можност за избор. Им се нуди само Синофарм. Најава за нови дози од вакцината Фајзер нема, иако центарот во Штип е обучен и технички подготвен за нивно аплицирање и чување. До сега се имунизирани над 16.000граѓани, а гужвата значително е намалена по отварањето на вакциналниот пункт во Струмица.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста