Поради болест Блат го раскина договорот со Олимпијакос

Дејвид Блат го раскина договорот со Олимпијакос со меѓусебна согласност на страните. Не е познато дали неговата одлука е поврзана со неговата здравствена состојба – во август специјалист кажа дека страда од мултиплекс склероза.

Минатата сезона грчкиот клуб не влезе во плеј-офот во Евролигата.

-После долг разговор меѓу мене и сопствениците, решивме дека е најдобро за клубот да заминам. Моето време во Грција со Олимпијакос беше важно на многу начини. Благодарен сум на луѓето што ги запознав овде. Немам ништо друго освен почит кон раководството, играчите и персоналот. Им посакувам се најдобро, изјави Блат.