Поради аминистративни процедури воено медицинскиот персонал се уште ги чека надоместоците за работа во ковид центрите

Административна процедура ги остави без дневници докторите и сестрите во АРМ кои во Јануари помагаа во работата на ковид центрите. Откако дел од воено медицинскиот персонал се пожали до нашата редакција оти се уште не ги добиле парите за ангажманот во ковид центрите, Алфа праша во Министерството за одбрана зошто доцнат исплатите?

Оттаму велат дека доцнењето е поради подготовка на списоци и пресметки за исплата на надоместоците.

„Во јануари се обезбеди дополнително зголемување на износите на исплатените надоместоци поради кризната состојба и започна изработка на нови списоци за исплата со повисоките износи, кои опфаќаат персонал од повеќе армиски единици кои помагаат во справувањето со кризата. Согласно армиските процедури, тоа подразбира одобрување и контрола на повеќе нивоа што е причина за административното доцнење на исплатата само во тој дел. Процесот денеска завршува во финансиската служба на Генералштабот и овие насоместоци веднаш потоа ќе бидат исплатени“, информираат од Министерството за одбрана.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста