ПОПУЛАРНИОТ „БОКСИНГ ДЕЈ“ ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА ЗА ПРВ ПАТ БЕЗ ПУБЛИКА НА ТРИБИНИТЕ


Од денес па се до четврти јануари, со исклучок на 31 декември, ќе имаме по некој натпревар од англиската Премиер лига. Традиционалниот Боксинг деј стартува со денешното дербито на „Кинг Пауер“ меѓу Лестер и Манчестер Јунајтед од 13.30 часот. Од 16.00ч. се среќаваат Астон Вила-Кристал Палас и Фулам-Саутемптон, а од 18.30ч. закажана лондонската битка меѓу Арсенал и Челси. Последни во денешната понуда се дуелите меѓу Сити-Њукасл и Шефилд-Евертон од 21.00 часот. Празничното 15-то коло во Премиер лигата ќе заврши утре, со уште четири натпревари, и ќе остане запаметено како најтажено без навивачи на трибините за прв пат во долгата фудбалска историја.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста