Поправен кровот на училиштето „Коле Нехтенин“ во Штип, кој настрада од силниот ветар во петокот

Поправен кровот на училиштето „Коле Нехтенин“ во Штип, кој настрада од силниот ветар во петокот

Целосно е саниран делот од кровната конструкција на штипското средно училиште „Коле Нехтенин”, која во петокот поради силината на ветрот беше откорната. Застој во наставата нема и сите ученеци се во училишните клупи.

„За кратко време со голема екипа и механизација, за кратко време успеаја да го санират кровот и училиштето да биде во функција. Исто така сакам да искажам голема благодарност до вработените и учениците кои во петокот го положија испитот на зрелост и постапуваа согласно препораките кои им беа дадени„ изјави Јованка Шалева, директорка на СОУ„Коле Нехтенин„ Штип.

Во меѓувре граѓаните, кои претпрпеле штети од силното невреме, може да ги пријават во општината и тие ќе бидат надоместени, посочи градоначалникот на Штип.

„Сите оние штети кои ќе бидат доставени и пријавени до нас, ќе ги проследиме до Советот на Општина Штип и ќе ги надоместиме. Ваквите состојби ни даваат поука, затоа што сите штети кои се настанати , најповеќе се на времени објекти, настрешници кои можеби не се прописно изградени„изјави Иван Јорданов градоначалник на Штип.

Силниот ветер минатиот петок предизвика сериозни штети во Штип, кои за среќа беа само матрејални. Беа откорнати дрвја, уништени настрешници, фасади  и еден  автомобил.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста