Попович назначи тројца капитени за настапите на Мундобаскет

Кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави ќе има тројца капитени на Светското кошаркарско првенство во Кина.

Капитени на американскиот тим на Мундијалот 2019 ќе бидат Кемба Вокер и Маркус Смарт од Бостон и Донован Мичел од Јута.

Американците се во група со Турција, Чешка и Јапонија.

Селекторот Грег Попович сè уште не ја објави конечната листа со 12 играчи кои ќе настапат на Мундијалот.