Попова Шапка стана “Kodra e djelit”

Попова Шапка стана “Кодра е дјелит”-име кое не е ново и веќе долго време се користи,но,само како несоодветен превод на Албански јазик, оти новото име,значи сончеви ридови.Сега ЕЛЕМ го ставила и во промотивно видео, и тоа не само на пропагандниот материјал на албански јазик,туку и на тој што е на англиски.Но, како такво видеото кратко беше достапно- оти бурните реакции во јавноста ги притиснаа во ЕЛЕМ, па денеска се поправија,но, делумно -ставија ново видео,но,со двете имиња, што исто наидува на негодување кај јавноста.

Попова Шапка сменето име..Ништо чудно,на државата и го сменија името, а, не на Попова шапка.

Брука и срамота, ски центар? Село го направивте, името го дадовте,уште што?

Ова се дел од реакциите по социјалните мрежи.Но, има и такви за кои “Кодра е дјелит” е правото име.

Браво, така треба Кодра е дјелит.

Нормално дека е Кодра е дјелит и секогаш било така.95 % од туристите и газдите на викендиците се Албанци.Да не сакате да се вика на шпански подобро?

Попова Шапка името го користи веќе шест децении.Кодра е дјелит пак, се користи 20-тина години.И не само во говорот,особено кај Албанците. Општината и низ градот одамна има поставено патокази,токму со ова име,што е збунувачки, барем за странски туристи, кои нема да знаат дека се работи за ски центарот Попова шапка.Одговор треба да дадат надлежните-зошто не рагираат ,ако се знае дека топонимите не се преведуваат.Во ЕЛЕМ се правдаат дека се работело за техничка грешка, која била веднаш исправена.

Техничкиот пропуст е произлезен од страна на службите на Елемтурс, кој стопанисува со центрите, а во чија организација беше изработката на промотивниот материјал. Како АД ЕСМ, изразуваме жалење што идејата за промоција на природните убавини во зимската сезона на Попова Шапка добија политичка конотација.

Сепак, во ЕЛЕМ не образложија,како ја исправиле грешката,кога и во новото видео,стојат двете имиња.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста