Попова Шапка се полни за празниците – дали и колку ќе се почитува забраната за собири ?

Дали и колку ќе се почитува забраната за давање под наем и собири во викендиците низ туристичките центри во земјава, се чини најмногу ќе зависи од самата свест на граѓаните, со оглед на тоа што не се знае на кој начин  инспекциските служби ќе вршат контрола,а и невозможно е секаде да исконтролираат.Туристичките локации деновиве забрзано се полнат со резервации,таква е сликата и во зимскиот центар Попова Шапка.

Новите рестриктивно мерки двојно го зголемија интересот кај граѓаните за престој на попова шапка,за време на новогодишните празници.Хотелските капацитетие се целосно исполнети за празниците, а исто и викенд населбата.

Угоститетлите велат дека се бара место повеќе,добро е што има заинтересираност, но, мерките ќе мора да се почитуваат.Нема да има прослава за новогодишната ноќ,туку само вечера, а рестораните ќе ги затворат во 21 часот.

Посетителите кои ги сретнавме денеска на Шапка, велат дека сега не е време за прослави, оти состојбата со вирусот е лоша .Сепак, не веруваат дека забраната за собири по викенд куќите ќе се почитува.

Со новите мерки ,граѓаните се ограничени празниците да ги поминат во домашна атмосвера,па затоа годинава има незапаметен интерес за изнајмување на викендици,за кои се зборува дека се наплаќаат и по многу повисоки цени од вообичаеното.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста