Попова: СДСМ станува партија во која конзумацијата на кокаин е нормална и вообичаена појава за партиските функционери

СДСМ станува партија во која конзумацијата на кокаин е нормална и вообичаена појава за партиските функционери, изјави на денешната прес-конференција Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

-По Павле Богоевски, кој беше фатен како нарачува кокаин додека ја извршувал функцијата пратеник, вчера медиумите објавија дека е фатен со кокаин кадарот на Петре Шилегов – Сенад Смаиловиќ Сенко, директорот на ЈП Улици и патишта-Скопје. Сенко е фатен со цели две кесички кокаин. Дали тоа значи дека истиот или е дилер или веќе подолг период е корисник на овој наркотик. Аздисаноста од власта и моќта, очигледно ја зголеми конзумацијата на кокаин помеѓу функционерите на СДСМ. Државни функционери стануваат се почести корисници на кокаин, а реакцијата на власта со нивно разрешување откако ќе бидат фатени на дело е задоцнета и лицемерна. СДСМ дозволува лица корисници на дроги да извршуваат јавни функции, и истите да одлучуваат за судбината на многу луѓе, но и целата држава, ова е недозволиво, опасно, но и ги става под знак прашалник нивните одлуки и колку тие се носени трезвено. Се поставува прашањето дали скопјани газат рунирани улици и полни со дупки затоа што директорот на ЈП Улици и патишта бил под дејство на некоја психотропна супстанца додека ги извршувал работните задачи? СДСМ го сведе Скопје на ниво со него да управуваат луѓе со искривени морални вредности и лошо општествено поведение. Скопје е заложник на шака луѓе, кои не го изградиле ниту својот личен имиџ, и никако не можеме да очекуваме да го градат имиџот на градот, истакна Попова.

Разрешувањето на Сенко не треба да биде последен чекор. Шилегов сам треба да си поднесе оставка, затоа што тој е човекот кој именува вакви луѓе и им дозволува да менаџираат со јавните претпријатија и нашите пари. Оставка од Шилегов веднаш! Потенцираше таа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста