Поплавени дворови и куќи во Облешево

Обилните врнежи од дожд и неисчистените канали повторно на виделина ги извадија проблемите на жителите на општина Чешиново-Облешево. Попавени  дворовите и фарми ваква е денешната слика по неколкудневното врнење. Мештаните вината освен во природата ја бараат и во сопствената, но и во неодговорноста на надлежните. ПО втор пат малата фарма на 75годишниот Стојан Блажев од Облешево е под вода

„Да ги чистеа редовно каналите, немаше да дојде до поплава.Надојдената вода преку каналот ќе отидеше право во Злетовица„-вели 75 годишниот Стојан Блажев .

Празните брани го спасија источниот регион од поплави. Обилните врнежи од дожд не предизвикаа излевање на река Брегалница. Најголемата брана во регионот Калиманци која што во изминатиот период беше под нивото се полни. Во моментот има акумулирано една третина вода од својот капацитет. Брана Градче е на прелив, но во текот на денот дотокот е намален.  Врнежите ја вратија надежда кај оризопроизводителите, но ако продолжи вака штети ќе имат земјоделциите чии ниви се посеани со жито.

Пред шест години во февруари истите овие полиња беа целосно под вода. Тогаш браната Калиманци не можеше да ја акумулира надодената вода од топењето на снегот па предизвика сериозни поплави како во целото Кочанско поле, така и во Штип.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста