Попладнево во Скопје се одржа регионална конференција за еднаквост на жените во политиката

Претседателката на Унијата на жени на Европската народна партија на гости со Македонија. Таа заедно со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, како и гости од регионот одржуваат конференција каде главна тема на разговор е улогата на жената во општеството, но и општите состојби.

Дорис Пак денеска истакна дека таа се бори за местото на жената во општеството, политиката, споделувајќи лични примери за како таа стигнала до позицијата на која е и како во таа улога се бори за жените. Претставничката на Европската народна партија истакна дека лидерот на Вмро-Дпмне ги почитува жените, додаде дека без нив нема да може да победи на избори.

„Имаме двајца мажи, едниот е организатор но сака да биде тука со нас затоа што ги почитува жените и се надевам дека следниот пат ќе биде тешка и со предизвици за сите нас“, рече Дорис Пак од Европска народна партија.

Мицковски се заблагодари на Пак, која дошла да ги сподели нејзините искуства, но и да даде можност и жените од Македонија да и се претстават. Тој истакна дека во соработка со фондацијата Конрад Аденауер имале обуки кои им помогнале за подобра комуникација со гласачите, но сепак вели дека последниот збор ќе го имале гласачите.

„Секое искуство е добредојдено. Ова искуство за нас е многу значајно бидејќи на овој качин не само што учиме, туку и нашите организатори на овој настан, Конрад Аденауер и Дорис Пак можат да научат нешто за нашиот менталитет, за нашиот сентимент, за она што сме ние. За помалку од 35 дена ќе биде денот кога граѓаните на оваа држава ќе одлучуваат за иднината, дали ќе останат заглавени во минатото, во криминалот, корупцијата или ќе се определат за обновата на земјата, за квалитретот и честитоста која што ние ќе ја понудиме на следните парламентарни избори“, рече Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

На конференцијата збор зема и Ласовска која е претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која истакна дека земале дел од програмата на Европската народна партија особено во областа на жените.

„Ние како Унија на жени на ВМРО – ДПМНЕ во нашата програма имаме вклучено дел од програмата на Европската народна партија односно жените од ЕНП. Наша должност е да се стремиме тие наши програмски цели да ги исполниме“, вели Благица Ласовска – ВМРО-ДПМНЕ

Конференцијата ќе трае два дена.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста