ПОПЛАДНЕВО СЕ ИГРААТ 11 СРЕДБИ ОД 16-ТИНА ФИНАЛЕТО ВО ФУДБАЛСКИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА

Попладнево се играат 11 средби од 16-тина финалето во Купот на Македонија. Во нив Силекс игра со Тетекс, Македонија Ѓорче Петров со Победа, Пелистер со Љуботен, а Охрид со Ренова. Натаму од 15.30 ќе следиме одмерувања и на Саса и Борец, на Гостивар и Тиквеш, на Влазерими со Работнички, на Велешта и Кожув, на Слога со Шкупи и на Росоман со Беласица. Последниот дуел од овој круг е од 18 часот и во него Кит Го му е домаќин на Скопје. Вардар е првата екипа што се пласираше за 1/8 финалето по триумфот на пенали со Вардар Форино, а Шкендија, Академија Пандев, Струга и Брегалница како полуфиналисти од претходното издание ја прескокнаа оваа рунда.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста