МВР потврдува инцидент во кој е пукано на полициски припадник во Скопје.

“На 08.12.2019 во СВР Скопје е пријавено дека во 17,00 час. на ул.Методија Митевски пред продажен објект, полицискиот службеник Ј.Ј., кој во моментот не бил на работа, се обидел да запре две лица за кои се посомневал дека ќе извршат кривично дело во објектот. Кон него бил испукан проектил од огнено оружје. Ј.Ј. се здобил со повреда во раката и бил префрлен здравствена установа за укажување на лекарска помош”, се вели во официјалната информација на МВР.