Пописот со техничка грешка-Симовски се правда дека проблемот бил само кај „атеистите“

Статистика си ја призна грешката , ама откако јавноста реагираше дека на официјалниот сајт се прави пиши бриши со пописните податоци.

Откако  осамнаа сменетите податоци, директорот на Статистика Апостол Симовски во телефонски разговор за Алфа побрза да се оправда дека била направена техничка грешка, па првичната бројка во графата за верска припадност или не е верник- атеист бил грешна па службите интервенирале, што фрла сериозна дамка врз веродостојноста на податоците, особено што со леснотија се менуваат податоци од веќе заклучен список. Се правдаат дека била направена пермутација на податоците со графата евангелско протестантски христијани…

Во Соопштението Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 – прв сет на податоци, објавено на 30 март 2022 година, во Табела 9 – Вкупно резидентно население во Република Северна Македонија според изјаснувањето за религиската припадност, по пол – Попис 2021, направена е техничка грешка со тоа што во редовите „Не е верник (атеист)“ и „Евангелско протестантски христијани“ е направена пермутација на податоците. Од тие причини е направена корекција во табелата, а воедно сите појави под 500 не се прикажани во табелата поради ограничениот простор, велат од Статистика.

А пред само неколку дена Симовски во изјава за Дојче Веле тврдеше дека откако базата со податоци ќе се затвори, отпосле таа не смее да се отвора и да се интервенира во неа со дополнување на податоци, во спротивно ќе значо дека се прави упад во базата на податоци.

За само три дена откако беа објавени официјалните податоци од септемврискиот попис, податоците на на Статистика експресно беа сменети. Бројот на атеисти од вкупното резидентно население од првичните 355 објавени на 30 март, пораснаа дури за дури 8409 лица повеќе.  Дополнителен сомнеж дека податоците се нерелевантни како што реагираат скоро сите етнички заедници и државни институции, говори и моментот дека никој од Статистика не видел дека била направена грешка како што тврдат па печатената верзија па така беше поделена и на денот на објавување. Денеска на официјалниот сајт обајвен е сменетиот податок или вкупно  8764 лица.

На социјалните мрежи веќе се дигна голема фама околу ваквото како што се нарекува штелување на на резултатите, па па граѓаните изразуваат голема доза на сомнеж околу веродостојноста на објавените податоци.

Речиси сите етнички групи во Македонија не ги признаа податоците од ланскиот попис, а дел од нив најавија и дека ќе спроведат сопствен попис за да се пребројат. Реагираше и МПЦ околу бројката на христијани, Комисијата за верски заедници алармира дека резултатите не даваат точна слика за религиската определеност на граѓаните.

По бројните грешки , пиши- бриши податоци се наметнува сериозно прашање дали и по уверувањата на Симовски и Статистика нема да се случи и грешка кај другите графи, по примерот со атеистите.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста