Пописот преброја 200.000 „христијани“, но какви?

Драстично помалиот број на Православни Христијани на новиот попис во споредба со оној од пред 20 години се должи на на неукост и непознавање на верата од страна на попишувачите или на попишаните, вели портпаролот на МПЦ, г. Тимотеј. Сепак, во телефонскиот разговор за Алфа тој потенцира дека ова е негово лично мислење и дека Синодот на МПЦ-ОА дополнително ќе се произнесе.

„Веројатно попишувачите или попишаните не знаеле како правилно да запишат или да се изјаснат“ вели г. Тимотеј за Алфа.

За намерна или ненамерна статистичка грешка предупредува и Професорот на богословскиот факултет Св. Климент Охридски, Милан Ѓорѓевиќ, кој на својот фејсбук профил исткана дека преку набројувањето на сите христијански вероисповеди се предизвикува забуна затоа што се мешаат религиите и вероисповеданијата.

„Луѓето мислат дека треба да се наведе општата религиска припадност, а не вероисповедание. Освен тоа, опцијата христијанин воопшто не соодвестува на списокот на регистрирни верски заедници, бидејќи не постои верска заедница или религиозна група регистрирана под такво име. Грешка од ваков размер не може да се оправда по ниту една основа“

Тој смета дека правилна формулација на прашањето би имала три опции, односно, припадност кон религија, припадност кон вероисповед или припадност кон регистрирана верска заедница.

За причината на овој статистички пропуст дека е верската неукост на попишувачите се согласи и пензиониранот Декан на богословскиот факултет. Професорот и прв доктор на теолошки науки во Скопје, гоподинот Јован Таковски, кој во телефонски разговор за алфа вели:

„Можно е и нашите да не ги разбираат разликите помеѓу православиоето и сектите. Во секој случај мнозинството се православни. Има многу причини и нејаснотии за овој попис да се прогласи за неуспешен и на штета на македонците. Политичка процедура за задоволување на нечи потреби. Искористен за триумфализам. Моите деца не се попишани, цели семејства. Може да веруваат во пописот само оние кои се фалат со бројките.“

Тој исто така смета дека пописот бил временски темпиран со цел да се исполнат малцински бројки:

„Моментот на пописот беше темпиран. Време кога не е за попис, кога луѓето се плашеа да примат други дома. А и самите попишувачи имаа дилеми поради истите фактори. Ова се обиди да се задржи власта по секоја цена, на безбожна идеологија. Атеизација на општеството и прифаќање на декадентни вредности.“

На последниот попис 847 илјади луѓе или 46% се изјасниле како Православни, а на оној од пред 20 години бројката била над 1 милион и 300 илјади или речиси 65%.

Големата разлика веројатно се должи на тоа што според податоците од пописот 242 илјади или 13% се запишани само како Христијани.

На второ место се граѓаните од исламска вероисповед односно 590 илјади  или 32%  населението се изјаснале дека се муслимани, што е благ пад во однос на 2002 година кога биле 33.3 % проценти.

Во јавноста се појавија и голем дилеми за тоа, зошто кај Христијаните постојат повеќе пописни под категории, деноминации и под деноминации а за исламот само една категоризација, без да се земат во предвид барем двете најголеми под групи, односно Сунитите и Шиитите.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста