Попишувачи од Штип се праќаат во Скопје, а штипјани одат сами да се попишат

Шеесет и шестгодишниот Стојмен Гацов од Штип – утринава со придружба дојде да се попише. Тој е слепо лице. Едвај се качи по скалите на вториот кат во општинската зграда  во Штип, каде  се наоѓа пунктот за попишување.          

„Тешко ли Ви беше да дојдете?

Како не!Се качувам по скали, слеп сум, морам да имам и придружба со мене и него го малтретирам..Кај мене дојдоа минатиот петок. Тропнаа на вратата. Јас сум слепо лице.Живеам во гаража.Тропнаа на вратата и ми рекоа дека се за попис, но додека се облеков и да излезам си заминале„-изјави Стојмен Гацов.

И придружникот на Гацов не е попишан. На неговата врата никој не тропнал ниту пак оставил број за контакт. Вели сака да се попише, бидејќи тоа е граѓанска должност

  „И јас не сум попишан.Ако има можност и јас ќе се попишам. Тоа ни е граѓанска должност.

  Дали Ве посети попишувач? Остави телефон за контакт?

Нема оставено. НИе сме на работа , одиме само прва смена. МОжеби имат доаѓано , ама никој не не известил писмено –за кој ден„-изјави Маринчо Владиков од Штип.

Утре и официјално треба да заврши пописот, но не сите се попишани. Државниот завод за статистика  прави напори операцијата да заврши во предвидениот рок, па дури и на попишувачите од Штип за дневница од 500денари и ноќевање во студенски дом им се нуди да заминат во Скопје за да попишуваат. Засега нема ниту еден пријавен.

Заклучно до денеска во 7:30 во земјава се попишани вкупно 1.760.194.МОжноста за самопопишување на лица во странство, досега ја искористиле 201.247 граѓани од дијаспората. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста