Попис: 59% христијани, 32% муслимани

Значително помал број на граѓани се изјасниле за православни христијани на пописот во 2021 год споредено со последното пребројување во 2002 година. За речиси 20 проценти е помал бројот на граѓаните кои на прашањето за верската припадност одговориле дека му припаѓаат на православието.

На септемврискиот попис 847. 390 граѓани  се изјасниле како православни христијани или  46.14 %, додека во 2002 година како припадници на православието се изјасниле 64.7 % од вкупно попишаните граѓани ( 2.022.547) или 1. 308. 587.

Големата разлика веројатно се должи на тоа што според податоците од пописот 242. 579 граѓани  или 13.21 % се изјасниле само како Христијани, без да прецизираат на кој дел од христијанството му припаѓаат.

На второ место се граѓаните од исламска вероисповед односно 590.878 граѓани  или 32.17 проценти  населението се изјаснале дека се муслимани, што е благ пад во однос на 2002 година кога биле 33.3 % проценти.

Овогодинешниот попис покажа дека во Македонија живеат  6746 католици што е 0.37 %  од вкупното населени.  За прв пат, во најголемата статистичка операција се појавија и останати религиски заедници кои не беа застапени во претходните пописи. Меѓу нив се евангелиско протестантски христијани- 8764 граѓани, потоа 1964 граѓани се изјасниле како агностици, а за прв пат попишани се 894 будисти.  Од попишаното население 1.137 граѓани се изјаснале дека се јеховини сведоци, а 355 не се верници.

Според податоците, 74 граѓани се припадници на еврејската заедница, а 96 на движењето Хари Кришна. 113 граѓани се изјасниле дека припаѓаат на вера која не била наведена во пописниот прашалник.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста