Попис: 15 општини со мнозинско албанско население

Според податоците за етничките заедници од последниот попис, општини со мнозинско албанско население, односно над 50% се Сарај, Чаир, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Желино, Липково, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чашка , Дебар и Арачиниво.

Додека пак учествуваат со значаен дел од популацијата, односно над 20% во општините Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари, Долнени, Јегуновце, Кичево, Крушево, Куманово и Сопиште.

Во Центар Жупа, Пласница и Маврово и Рустуше мнозинско население е турската етничка заедница, а во по значаен број се во општините Карбинци, Конче и Василево

Во Шуто Оризари, Ромите не го надминаа прагот од 50% и со 43% од населението но тие остануваат доминантна група во оваа мулти-етничка-општината.

Интересн е фактот што, по силната пропаганда и притисоци на Република Бугарија за време на пописот, бројот на бугари во Македонија се дуплираше и изнесува 3,504 лица, додека само 762ца истакнале дека го говорат бугарскиот јазик, што прави да има повеќе Бугари во Македонија отколку Македонци во Бугарија според тамошниот попис.

Споредбено со пописот од 2002, може да се забележи дека македонското население се отселува од општините со значајно албанско население, па така, во Дебар од 20% сега се само 7%, Во Центар жупа се преполовени од 12,5% во 6,5%, Кичево забележува пад од 13%, односно, од 53 на 40 отсто, каде се покажа дека дури и со териотријалната реорганизација, македонскиот народ не е мнозински за само 1%. Додека пак демогравската слика е целосно променета во општините Струга и Чашка, каде што македнците веќе не е најголема етничка група.

Во општина Брвеница, македонците од 38% станаа 41%, во Гостивар, каде македонците беа 19,5% сега се 21%. Слична е состојбата и во Јегуновце, каде Албанците забележаа пад од 5%, додека пак Македонците од 2%.

Ваквите податоци покажуваат дека Македонците остануваат мнозински народ во Македонија, но, со негативна тенција и за 6% помалку од последниот попис во 2002 година.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста