Половина од кандидатите за ректор ќе ги бојкотираат изборите

Тројца од кандидатите за ректор на УКИМ ги бојкотираат утрешните избори. Професорите Атанасов, Димитриевски и Живковиќ сметаат дека постапката за спроведување на изборите за ректор закажани за утре е изрежирана, нетранспарентна и недемократска. Според нив, цело време од стартот на постапката и за избор на ректор и за сенат но и за изборна комисија нема транспарентност, објективна и фер процедура.

  • Ги повикувам сите наши колеги-наставници, соработници и студенти како и сите членови на изборните комисии да останат достоинствени и сами да одлучат дали ќе учествуваат во утрешниот недемократски, нелегален и насилен обид од  страна на ректорот Јанкуловски и на Универзитетската изборна комисија на ваков начин да се избере идниот ректор на УКИМ-кандидат за ректор Петар Атанасов.

Го повикуваат министерот Адеми и останатите релевантни институции да ја стопираат процедурата, нешто што го барале уште пред неколку дена.

Јанкуловски  ги отфрли обвинувањата и не сакаше да коментира.  Утре ќе се трка и очекува да биде реизбран. Претседателката на комисијата за избор при УКИМ пред неколку дена рече дека нема основ за запирање на изборната постапка.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста