Половина милион заразени со КОВИД-19

Многу нови случаи и починати од Ковид-19 во светот и во Европа.. Податоците до синоќа укажуваат – во светот заразени се околу половина милион луѓе, починале околу 120.000, а излекувани се 115.000…
Со 528 заразени и петмина починати, Словенија е водечка од земјите на Балканот, потоа следи Хрватаска со околу 440 Србија, околу 380, Косово над 71 заразени Црна Гора – 50тина заразени, Босна и Херцеговина, има околу 180 а Албанија, која вчера прогласи вонредна состојба, има околу 140 заразени.
Од понеделник, Русите нема да одат на работа. Рускиот претседател Владимир Путин следната недела ја прогласи за неработна со цел да се спречи ширењето на корона висурот. Ќе функционираат аптеките, маркетите за храна и транспортот. Освен тоа Путин го одложии референдумот за гласање уставни измени закажан за 22 април, со кој би му овозможиле да остане подолго на власт. Во оваа земја заразени се безмалку 700, најмногу во Москва.
Вчера Шпанија ја надмина Италија според бројот на жртвите за 24 часа, а СЗО предвидува дека следниот епицентар ќе бидат САД. Таму досега се заболени околу 60.000 луѓе, а починале повеќе од 1000. Во Шпанија се заразени речиси 50.000 лица, но Италија останува се уште најпогодена. А во Франција има заразено околу 25.000 луѓе.
Среќна вест доаѓа само од Кина. После 2 месеци отворена е кинеската провинција Хубеи каде повеќе нема локално ширење на Ковид-19.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста