Полошко се дави во смет,но,проектот Русино тапка во место-општините незаинтересирани

Полошко се дави во смет и проблеми со депонирањето на отпад,но,проектот Русино тапка во место.Половина година од како е формирано регионалното претпријатие за управување со отпад,”Русино-полог”, никако да почне со работа.Петте полошки општини сеуште не ги дале потребните пари за основачкиот влог. Министерството за животна средина им даде краен рок да ја завршат таа обврска до 15-ти месецов.

Општините мора да разберат дека треба да одвојат средства за основачкиот капитал за претпријатието.Зборуваме за 20 илјади евра вкупно.Не знам зошто сеуште не ги исплатиле.Се сретнавме минатата недела и заедно се согласивме краен рок да биде 15-ти јуни, да го платат основачкиот влог.Локалните власти треба тоа да го поддржат и да почнат да соработуваат со нас рече Насер Нуредини- Министер за животна средина.

Реализацијата на проектот предвидува постепено Русино треба да се санира,а потоа и да се затвори и дислоцира.Но,како тргнале работите се чини ова ќе почека,оти општините не изгледаат заинтересирани повеќе да се ангажираат во решавање на овој децениски голем проблем.Еко активистите со порака-проектот да не остане само на хартија.

Русино треба да се затвори за пет години, дотогаш да се стандардизира,да се најде нова локација за регуонална депонија, но се е заглавено во тие лавиринти-министерство, општини и ништо не е исполнето.Останува сега летово сметот повторно да се запали, да гори да се гушиме во чад, и да ги имаме истите проблеми, бидејќи ништо не е направено рече Валентина Штерјовска- еко активист.

Во иницијативата “СТОП РУСИНО” предупредуваат дека повторно ќе ги активираат протестите и блокадите, доколку општините што поскоро не почнат да работат на проектот.

Милена Стојановска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста