Полни плажи, полни ресторани – нема слободно сместување во Охрид во ек на сезоната

Полни плажи, полни ресторани – нема слободно сместување во Охрид во ек на сезоната

Летно лудило го зафати Охрид,градот ечи од сите страни, слободни соби во хотелите нема. Првичните проценки говорат дека во нашата туристичка мека пристигнаа над триесет илјади автомобили од земјава и од странство. Во неподносливо топлите ноќи,градот е буден 24 часа. Покрај домашните, забележливо е присуство на гости не само од европски држави,туку од целиот свет.

„Јас сум од Холандија и овде ќе престојувам 3 недели, бидејќи се чувстувам исполнето, убаво. Ме воодушевува природата. За нас престојот овде не е толку скап, ние сме европјани, но за овдешните луѓе е скапо. Ние сме од Австралија,овде ќе направиме свадба за нашата ќерка,ќе се заветат на вечна љубов во црквата Свети Јован Канео. Од цел свет таа најде добро момче со македонско потекло.Ова е едно убаво место со љубезен народ. Преубаво е, немам никакви замерки, се е беспрекорно“.

 Посебно за викенди или во празничните денови,магистралниот пат Охрид-Свети Наум е преоптоварен и нефункционален, до плажите каде се создава неконтролиран метеж,се патува и по неколку часови. Жешкото сонце и големите гужви ги натераа  гостите да побараат освежување на кејот од Охридското Езеро, под дебелите сенки на гратското шеталиште.

„Со чамец си одам јас не ме интересираат гужвите,чамецот ми е на пристаниште и си одам по плажите си бирам плажи кај што има помалу луѓе. По четврти пат доаѓаме во Охрид од Србија и секогаш ни е убаво. Навечер е гужва но тоа е нормално. За да ги избегнеме гужвите се разладуваме на кејот, водата е чиста. Секое доаѓање ни е се’ поубави поубав Охрид,единствена замерка е недостатокот на паркинзи

Во претпладневните часови во центарот на градот се дише, претежно семејни луѓе уживаат во ретките часови кога градот тихува. Градот е преполн со гости,пред рестораните,во маркетите се чекаат редици,а на охридското шеталиште и по чаршијата посебно во вечерните часови, на шеталиштето владее хаос и нема место да се разминеш.

Има бројни концерти? Планираме да одиме,ќе има неколку неделава па ќе видиме како ќе си поминеме. Дали за вас како млада популација е скап Охрид? Зависи каде и како, во центарот на некои места е скапо,некаде евтино зависи кои места ги знаете кои не ги знаете. По плажите е поскапено доста. Ми пречи тоа што помладите од нас не знаат како да се однесуваат на плажите и општо во самиот град,бидејќи Охрид е преубаво место и треба да се вреднува, а не само сликање на инстаграм колку да се каже”

Сепак заеднички е заклучокот дека има цени за сечиј џеб и дека не  треба да се генерализира со давање на општа оценка дека Охрид е скап. Најавените концерти и фестивали оваа недела дополнително привлекоа голем број туристи, музичките настани го кренаа градот на нозе.

Новинар Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста