Полицијата влезе во домот на тетовец откако неговата сопруга пријавила дека мажот и нанел повреда

ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА

Вчера во 18.20 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошните простории на М.О. (32) од Тетово, а во врска со пријава од неговата сопруга за нанесена телесна повреда.

Пред почеток на претресот, неговиот татко З.О. предал пиштол, една празна рамка, дозвола за поседување и носење на оружје на име Џ.О. и еден сигнален пиштол со празна рамка калибар 9мм.

Тие биле одземени со потврда за привремено одземени предмети.