Политички трансфер пазар во Македонија: Заев на одмор „лови“ пратеници, СДСМ се обидува со недемократски методи да се дограби до власт

Дали Заев со недемократски потези се обидува да ја промени волјата на граѓаните искажана на парламентарните избори? Во јавноста се повеќе се шпекулира дека лидерот на СДСМ, одморот го користи за „лов“ на пратеници од другите партии, како би ја засилил својата позиција во Собранието, спротивно од изборот на граѓаните.

Единствена опција Заев да состави Влада со моменталниот број пратеници е доколку коалицира со ДУИ, партија за која во предизборната кампања говореше дека ќе замине во опозиција.

-ДУИ заминува во опозиција. Pse Jo BDI ne opozit? Зошто не ДУИ да биде опозиција?, прашуваше пред Заев пред изборите.

Но, состојбите се променија по изборите, тесната победа на СДСМ и Беса над ВМРО-ДПМНЕ го направија ДУИ клучен фактор за формирање Влада. Заев без интегративците не може да состави мнозинство, со оглед на ставот на Левица дека нема да преговараат со СДСМ.

Па единствен начин ДУИ да замине во опозиција, а Заев да остане на власт е трансферот на народни избраници. Шпекулациите дека социјалдемократите се тргнати народски кажано да „купуваат“ пратеници, ги зголемува и новинарот Сашо Ораданоски, кој важи за близок до владејачката партија и нејзиниот лидер. Тој во својата најнова колумна алудира на можно заминување на ДУИ во опозиција.

-ДУИ не се воздржува и од закани по стабилноста на државата, само за да не останат подалеку од нејзините ресурси кои „живот им значат“. Во овој момент не може точно да се претпостави дали и како ќе биде вклучена ДУИ во новата влада. А тие прават сè што е во нивна моќ да си останат во опозиција. Можеби тој напор и ќе им се исплати, пишува Орданоски.

Додека Заев молчеливо ровари во туѓите дворови, не мируваат ниту другите партии. Разговори за формирање Влада со другите политички субјекти води и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го потврдува Арбен Таравари, кој вели дека Алијансата за Албанците разговара со сите партии, освен со ДУИ.

-Се е можно, но многу тешко и скоро невозможно е да се направи коалиција со ДУИ, тоа е најтешко и неверувам да биде, меѓутоа повторно одлучуваат органите на партијата. Неформални разговори постојат, но не со ДУИ, со другите политички партии да, вели Таравари.

Во политичките кулоари се појави информација дека Заев успеал народски кажано да го „купи“ Борислав Крмов, пратеникот кој влезе во Собранието од листата на Левица. Димитар Апасиев за Алфа ги демантира овие информации, оценувајќи ги како чиста лага.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста