Политичка одлука има, конкретен датум за преговори нема

ЕУ донесе политичка одлука дека Македонија треба да добие датум за преговори, но конкретен датум нема.Вака експертската јавност го коментира вчерашниот потег на Брисел . Аналитичарите посочуваат дека иако од државниот врв и особено од лидерот на владејачката партија беше претставено дека датумот е завршена работа сепак таков заклучок нема. Поранешниот амбасадор Јован Донев вели дека кога некоја земја добива датум за преговори тој е децидно наведен.

“Ние вчера добивме политичка одлука од земјите членки на европската унија дека се подготвени да отпочнат преговори со Република Македонија и република Албанија за пристапување кон ЕУ. руго не добивме ништо. Кога таа најава ќе се реализира ќе зависи од условите кои ни ги поставија многу повеќе на Албанија отколку на Македонија, генерално кон Македонија нема некои посебни барања. Треба да видиме дали на мајскиот самит во загреб ќе стои датум за отпочнување на преговори. Сега за сега немаме ништо ние”

Донев посочува дека одлуката на министертскиуот состанок е повеќе од геополитички причини и поради можното губење на позицијата на ЕУ на Западен Балкан отколку поради темелни спроведени реформи.

“ЕУ после сето она што се случува со корона вирусот, не даде слика дообра за себе како целина зборувам државите членки покажаа многу себичност и тоа остави лош впечаток во светот и меѓу државите од Западен Балкан. Играат на картата на солидарност. Целата причина е дека Еу ја губи позицијата на Западен Балкан заради руското, кинеското и турското влијание. ” вели Донев.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вчера изјави дека Македонија конечно започнува преговори за членство.Денеска пак за радио слободна европа на македонски јазик рече дека очекува годинава да започнат претпристапните преговори за Македонија.

Лидерот на СДСМ вчерашната одлука во Брисел на неговиот Фејсбук профил ја претстави како одлука и датум за почеток на преговори. И реализација на втората стратешка цел по влезлот во НАТО.

Вчера всушност  министрите за надворешни работи преку видеоконференција дадоа зелено светло за заклучоците донесени на амбасадорско ниво. Европската Комисија ќе ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи во најбрз рок. Во случаите кога другите земји добиваа датум за преговори Европскиот совет носеше документ со заклучоци и конкретен датум за преговори.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста