Политичка неизвесност во Франција по изборите на кои победи левичарската коалиција

Политичка неизвесност во Франција по изборите на кои победи левичарската коалиција

Политичка неизвесност во Франција по епилогот на изборите на кои ниту една од политичките опции нема мнозинство за самостојно да владее во парламентот. На изборите според првичните резултати, најголем број мандати освои коалицијата на левичарскиот блок што ретко кој го очекуваше, но уште поголемо изненадување е што крајната десница предводена од Марин Ле Пен заврши на третото место.    

Последните податоци кажуваат дека Нов народен фронт ќе има 182 пратеници, сојузот Заедно на Емануел Макрон 168, а Националниот собир и сојузниците 143, што ќе го подели парламентот на три големи блока со значително различни платформи и без традиција да соработуваат. По ваквите резултати, премиерот Габриел Атал најави дека денеска ќе поднесе оставка. Се уште е нејасно кој ќе биде предлогот на престедателот Макрон за следен премиер, односно мандатар. Досегашната пракса е тој да доаѓа од редовите на партијата или групата со најмногу освоени мандати.

Најголем дел од европските лидери го поздравија епилогот од изборите.  Сепак според познавачите, ваквиот развој не гарантира стабилност во политиките во Франција и Европа која и натаму може да се соочи со сериозни главоболки.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста