Полицискиот час не го почитувале 27 лица, а регистрирани 218 прекршоци за неносење на маска

Од 00.00 часот до 04.00 часот (31.05.2021) констатирано е дека 27 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (30/31.05.2021) пак, на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 218 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста