Полицискиот час не го почитувале 24 лица, 470 не носеле маска

Од 20.00 часот (22.04.2021) до 05.00 часот (23.04.2021) констатирано е дека 24 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие (22/23.04.2021) пак за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 470 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста