Полицискиот час не го почитувале 18 лица – санкционирани 441 лице за неносење заштитна маска

Од 23.00 часот (11.05.2021) до 05.00 часот (12.05.2021) констатирано е дека 18 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие (11/12.05.2021) пак, на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 441 прекршок.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста