Полицијата вечерва ќе „лови“ организирани забави и групирање

Гласната новогодишна музика може да ви донесе полиција во домот, а евентуална забава со над четири лица и кривична пријава за прекршување на мерките за заштита од ковид 19. 2000 полициски службеници вечерва заедно со инспектори ќе бидат не терен и ќе казнуваат евентуално групирање на повеќе од четворица, како и локали, ако работат.  

-Ние веќе изготвивме оперативен план, во кој што голем број на полициски службеници ќе бидат искористени во делот на активности кои што ќе бидат преземени во сите градови низ државата. Посебен акцент ќе се става на туристичките центри, таму каде што имаме премногу концентрација или можности за издавање на викендици, на станови. Но тоа нема да биде исклучок во Скопје ниту во другите градови.

Спасовски се пофали дека веќе растуриле неколку забави, како што беше онаа во Волково, каде беа приведени 29 лица, а беше пронајдена и дрога. Ист настан имаше и во Куманово, каде беше растурена семејна веселба. Министерот апелираше сите заедно да придонесеме за спречување на ширењето на корона вирусот.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста