Полицијата вчера казнила 648 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (04.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 648 возачи.

Од нив, 60 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 117, а потоа на територија на СВР Охрид – 82, на територија на СВР Куманово – 80…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста