Полицијата се уште не ги знае причините за пожарите во Карбинци, жителите се сомневаат во струјата

Полицијата се уште ги утврдува причините за двата големи пожари кои во рок од дваесетина дена го пеплосаа атарот на Карбинци. И додека се чека полицијата да го открие сторителот , местното население веќе најави кривична пријава против ЕВН. Семејството Гребенакови кое одвај спаси жива глава, а вилата и пластениците со егзотично овошје целосно им изгореа се сомневат дека пожарот е предизвикан од оголените кабли или трафостаницата што се наоѓа во нивна близина..

  „Јас кога почна пожарот се обидував со пумпата да гасам. Јас имам доволно вода, но немаше струја. Јас немав со што да гасам! Јас сепак мислам дека ова е предизвикано од ЕВН и ќе поднесам тужба . Овде е вложено над 60.000евра, овде ми е бизнисот и не можам да прежалам„-вели Даринка Гребенакова, сопственичка на една од вилите што изгореа во големиот пожар.

Месното население се сомнева дека и двата пожари што се случија во рок од дваесетина денови се предизвикани од дотраена електрична мрежа и паднати електрични столбови. Очевидци уште веднаш го посочија сторителот.

„Според мене пожарот почна да се шири од трафостаницата. Мислам дека и за минатиот пожар виновна е струјата. Што се случува, навистина не знам„-изјави очевидец

  За тврдењата на жителите на Карбинци, ЕВН со одговор дека соработката  е секојдневна и интензивна, посочувајќи дека им стојат на располагање на сите институции за сите информации и податоци за целосно расчистување на случајот.

Во меѓувреме градоначалникот на Карбинци побара  ЕВН да ги санираат паднаатите електрични столбови во три плачковички села.

Двата големи пожари предизвикаа големи штетина земјоделците од карбинско. Изгореа над 40хектари житарици, а до општината за  обештетување пристигнати се 64 пријави. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста