Полицијата „растури“ свадба во гостиварско

На 01.11.2020 во 18.50 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека во угостителски објект во с.Добридол, гостиварско, сопственост на М.И.(33) од ова село, била организирана свадбена веселба од М.И.(55) од с.Врапчиште, гостиварско, на која присуствувале околу 120 гости.

Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат излегле на местото на настанот и објектот бил затворен, а ќе следат и  соодветни поднесоци. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста