Полицијата ќе трага по организаторот на скандалозниот средношколски „сексуален“ камп
Полицијата го бара организаторот на скандалозното камп патување во кое малолетни средношколци требало да глумат сексуални активности под превезот на едукација. Заедно со обвинителството ќе испитуваат како е можно деца да учествуваат на настан каде имало сексуални настапи на рок песни, соблекување, глумење секс пози, бакнување. Скандалот го отвори „Слободен печат„ од каде тврдат дека младинскиот камп по наслов „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаут и рок енд рол„ бил организиран од „Прв скопски извиднички одред“ . Пренесуваат потресно сведоштвио на еден родител на средношколка која после шокот, побарала помош од училишниот психолог.
Глумење секс пози во пар и со „клецање“ да се пукне надуван кондом. Игр семафор: За секоја погрешна буква соблекуваш парче облека, за да не ти се брои како негативен поен, низ цела планина шетаа машки деца само во долна облека. Боење гол дел од телото и оставање отпечаток на хамер. Секој учесник мора да остави различен дел од телото и не смее да се повторува, така што биле исфорсирани да остават впечаток од што поинтимен дел од телото – сведочи родителот.
Алфа се обиде да стапи во контакт со првиот човек на извидничкиот одред Зоки Сиљковски, но тој не одговараше на телефонските повици. „Слободен печат успеале да го добијат, но тој одбил да коментира под изговор дека не бил сигурен дека поплаките биле вистинити. Вели дека од 2009 година, се организирале вакви настани за сексуална едукација.
Има контролни точки на кои се изведуваат разни активности, некои со музика, некои со сексуална едукација, некои со извидништво и до сега сме немале поплака. Девојчето ако имало некој проблем, можело да ни каже и на нас и на претставниците на нејзиниот одред – изјави Зоки Силјовски за „Слободен печат“ од „Прв скопски извиднички одред.
Се обративме до Министерството за образование, дали имаат сознанија дека училиштата организираат вакви кампови,и кој е нивниот став со оглед на тоа дека малолетници после активностите барале помош од училишниот психолог. Велат дека активностите не биле во организација на ниту едно училиште и не е дел од наставните планови и програми кои се реализираат по било кој предмет и во било кое одделение во рамки на формалниот воспитно – образовен процес.
Адријана Алексиеска