Полицијата го фати педофилот кој му се заканувал на 15 годишно девојче

Полицијата го фати педофилот кој на социјалните мрежи  на 15 годишно девојче му се заканувал дека ќе го киднапира и силува. 59 годишниот маж од радовишкото село Ораовица, вчера е пронајден во светиниколско Ерџелија. Мажот кој на социјалните мрежи под псевдонимот Борко и упатувал вознемирувачки пораки со сексуални содржини, е лишен од слобода.

  „ По преземени мерки  и активности од страна на ПС Свети Николе и по добиена наредба од Основен суд извршен е претрес во домот на 63годишна жена каде што претојувал осомничениот, при што одземен е мобилниот телефон кој го користел осомничениот„-изјави Гордана Панајотова,портпарол на СВР-Штип

 Фејсбук групата „Стоп педофилија„ јавно ги објави пораките со вознемирувачките содржини. Иако 15годишното девојче воопшто не му возвракало, тој продолжувал со пишување, а во еден момент пробал да воспостави и повик со неа. Во ниту еден момент предаторот не се двоумел во својте изопачени пораки. Покрај фотографии од него и испракал и гфотографии со експлицитни содржини.

Ова не е прв случај. Пред само еден месец на социјалните мрежи беа објавени преписки од сексуален предатор од радовишко Конче кој му пишувал пораки на 12 годишно девојче за кое мислел дека е од Хрватска. Поради се почестите појави и обиди за сексуално злоставување на малолетници јавноста бара воведување на поголеми законски казни и задолжителна хемиска кастрација посебно за оние кои ќе извршат полов напад врз дете до 14 години. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста