Полицискиот час го прекршиле 18 лица, најмалку 7 уапсени

Метеж од возила на крстостницата кај скоспката железница, граѓаните брзаат накај дома, со оправдување дека не го пресметале времето затоа не стигнале пред 9 дома.

Екипата на Алфа синоќа обиколи неколку полициски пункта низ главниот град, втора локација е зоолошка овде е мирно, интервентна и сообраќајна полиција на терен. Министерот за внатрешни Чулев со поддршка за нив и објаснување кога ќе стигнат заштитата на целата полиција.

Продолжуваме понатаму следна локација е кон населбата Шуто Оризари, овде шполицијата има најмногу работа.

Полицијата овој пат толерантна, запишува податоци за оние кои го прекршиле полицискиот час, но не пишува и казни.
Предупредување вечерва ќе нема. Секој што ќе го прекрши полицискиот час се ќе оди во затвор, или ќе плати казна и до 50 илјади евра. За фирмите кои ќе прекршат полициски час, казната е половина милион евра. Апсења имало и синоќа информираше денеска министерот Наќе Чулев.

Полицискиот час секој ден стапува на сила во 21 часот и трае до 6 часот наутро.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста