Полицискиот час ги наполни и живна планинските села

“Фали село – живи во град”-оваа поговорка за многумина барем овој продолжен викенд полициски час, не важи. Македонските села живнаа. По дворовите на викенд куќите се слуша детски џагор, се работи низ дворовите, карантинот се поминува на барем малку полесен начин, на свеж и чист планински воздух.

Екипата на Алфа посети неколку подшарпланински села. Сетоле е сместено меѓу прекрасна природа, на околу 1000 метри надморска височина. Со оние кои поразговаравме,велат дека не паметат кога последен пат било толку посетено.

Градските улици пак, се празни.Поминува само по некој автомобил. Полицискиот час во Тетово, главно се почитува. И покрај тоа што дозвола за работа имаат 40-тина маркети, единствен  проблем е недостатокот  на леб и некои други основни намирници, кои уште од денеска тешко можат да се најдат.

Милена Вучевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста