Покрај високите бројки на новозаразени во Македонија, пописот не се одлужува

Земјите во регионот го одложуваат пописот на населението заради големите бројки на новозаразени од корона вирусот, Македонија пак ќе го реализира. Хрватските власти официјално потврдија дека нивниот попис е одложен за на есен,но со резерва дека ако здравствената состојба не дозволува тој повторно ќе биде пролонгиран – македонските власти пак велат попис кај нас мора да има, имаме протоколи како да се попишуваме.

Првиот човек на Владата не размислува дека пребројувањето на населението треба да се одложи, вели другите земји можат да си доволат да го одложат оти имале направно попис во изминатите 10 години , а ние не.

-Не гледам никаква причини, дури ни во претпоставени околности за повеќе заболени од просекот, да се одложи процесот на попишување и не треба да се одложи, бидејќи тој ќе се одржи по сите предвидени протоколи и мерки за заштита кои се правени во период кога имавме и по 1800 случаи на ден, рече Заев.

И Симовски кој е директор на заводот за статистика вели дека нема пречки пописот да се одржи, но остави минимален простор дека може да се одложи само ако комисијата за заразни болести донесе таква препорака.

Комисијата за заразни болести апсолутно ја следи состојбата на дневна основа. Ако ситуацијата дојде таква да спроведувањето на пописот биде нецилисходно и Комисијата препорача одлагање, ние апсолутно ќе го почитуваме тоа. Нема да дозволиме никој да биде ставен во опсаност и да бидеме причина за ширење на вирусот, истакна Симовски.

Претходно и Бугарија го одложи пописот, а и повеќе европски земји не сакаа да ризикуваат да попишуваат население во време на пандамија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста