Покрај колекторите и други режиски трошоци, на грбот на Охриѓани се товари и поскапа вода за плаќање

По двојното зголемување на надоместокот за колектор и еден куп други режиски трошоци,во вкупна вредност од околу 2.000 денари, што е скоро 10% од минималната плата во државава-охриѓани ќе плаќаат и поскапа вода. Решението на регулаторната комисија за енергетика за поскапување на цената на водата доаѓа како предлог на градоначалникот Константин Георгиески.Причина за поскапувањето се партиските вработувања во Ј.П”Водовод”-велат од ВМРО ДПМНЕ.Георгиески,со своја верзија појаснува на што се должи покачувањето на цената на водата кое било минимално.

За регулаторната комисија да донесе решение претходно јавното претпријатие ‘’Водовод’’ и градоначалникот изготвуваат бизинис план кој се формира врз основа на очекуваните приходи и расходите во ова ј.п.Да  напоменам дека ова ј.п. во 2017-тата имаше околу 260 вработени за сега да има приближно 320 вработени.Најлесно му беше на градоначалникот и локалната самоуправа да ја надополнат разликатаза нововработените и лицата на договор да удрат по џебот на граѓаните -велиСашо Донев-ВМРО ДПМНЕ.

Ј.П изрази загуба оваа година од 6 милиони, меѓутоа тоа е резултат на тоа што 5 и пол милиони останаа заробени во Еуростандард банка-рече Константин Георгиески-градоначалник на Охрид.

Ова второ зголемување на цената на вода,предизвика реакции на социјалните мрежи.Во услови на економска криза и беспарица ни натоварија на врат баснословни суми на сметки-велат граѓаните.

“Видете некако направете цела една просечна плата распределете си ја помеѓу вас и јавните претпријатија.Нема потреба од храна народов ни беден,само гледајте да ни останат пари барем само една лента дијазепам! Подобро да пиеме сок или пиво наместо вода,срамота народот умира во симомаштија ! Јавните претпријатија ги превработивте како да се фабрики,седачите ќе ги плаќаме ние.Воведување нови сметки, поскапување на старите,повторно нешто недостига ? “

Според решението на реулаторна, цената на водата ќе се зголемува три години по ред за во 2023-та,цената на водата за домаќинства да извесува 28,22 ден на метар кубен,а останатите категории ќе плаќаат износ од 41,51 ден на метар кубен.Се зголемува и цената на фиксниот надоместок на 100 денари за физички и на 120 денари за правни лица.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста